Top Sport

Баскијците аплицирале за членство во ФИФА и УЕФА

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Баскија поднеле апликација за полноправно членство во ФИФА и УЕФА. Нивната делегација ги предала апликациите во седиштата на овие две организации во Цирих и Нион.

На официјалната интернет странива, Фудбалскиот сојуз на баскија, објави дека апликацијата добила поддршка на Собранието одржано во 2018 година и дека таа ја отсликува „желбата на баскијската заедница“.

Адвокатот на Фудбалскиот сојуз на Баскија, Давид Салинас-Армендарис, рекол дека барањето за прием во овие две организации е апсолутно легитимен, бидејќи во ФИФА и УЕФА, постојат членки, а кои не се независни и признаени како држави.

Баскија е една од 17 покраини во Шпанија, која има бројни привилегии, вклучувајќи ја и фискалната автономија.

Репрезентацијата на Баскија, во ноември ја совлада Костарика со 2:1. Селектор на оваа репрезентација е поранешниот селектор на Шпанија и Србија, Хавиер Клементе.

Scroll to Top