Сензационалната елиминација по првата фаза на Германија од мундијалот во Русија, очекувано наиде на низа критики во германската јавност, каде пред почетокот на светското првенство постоеше умерен оптимизам дека националниот тим може да ја одбрани титулата.
Германија, првата фаза во Русија ја заврши со скромни три бода, освоени по триумфот над Шведска 2:1. Останатите два натпревари Гермнаците ги загубија од Мексико 1:0 и Јужна Кореја 2:0.
Играчите трпат критики поради лошите игри, а еден од најкритикуваните е Месут Езил. Критика на негова адреса испрати поранешниот репрезентативец и фудбалер на Кајзерслаутерн и Баерн Минхен, Марио Баслер.
„Реков многу пати, но морам да се повторам: Езил е преценет фудбалер. Неговиот говор на телото е како кај мртва жаба“, рекол Баслер.
Инаку, Езил, трпеше критики и вчера по натпреварот, тој тргна вербално да се пресметува со навивачите, поради што дел од стручниот штаб мораше да го смирува.