Сезоната која пред два месеци изгледаше како вистинска катастрофа, на крајот може да излезе супер успешна за фудбалерите на Интер. По сеијата од девет победи во сите натпреварувања, Интер избори место во Лигата на шампионите, го освои Купот на Италија, а со Манчестер сити ќе се бори за европската титула.
Финалето во Лиата на шампионите е закажано за 10.јуни, а пред тоа Интер му го продолжи договорот на еден од најдобрите играчи во тимот.
Интер и Алесандро Бастони договориле нова соработка до јуни 2028 година. Со новиот договор Бастони ќе има годишна плата од пет милиони евра, плус одредени бонуси.
Овој договор е јак во италијански рамки. За илустрација иста плата од Милан доби и Рафаел Леао.
Фудбалерот кој пристигна во Интер на 18 години одигра 44 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.