Фудбалерите на Баерн Минхен први изборија пласман во финалето на германскиот Куп, откако во Леверкузен, во полу-финалето го декласираа Баер со 6:2.
Убедливиот триумф Баварците го најавија во првите десет минути кога по еден гол постигнаа Мартинез и Левандовски. До крајот на полувремето резултатот го намали Ларс Бендер.
Во второто полувреме за 11 минути Баерн постигна три гола. Два пати погоди Милер, а еднаш Алкантара, кој му асистираше на Милер за двата гола.
Бејли од слободен удар го намали резултатот на 2:5, а конечните 2:6 ги постави Милер.
Во второто полу-финале ќе играат Шалке и Ајнтрахт Франкфурт, а финалето ќе се одигра на 19.мај во Берлин.