Top Sport

Баварците го разнесоа Унион Берлин

Баерн Минхен ја прекина низата од два меча без победа во Бундеслигата и го разнесе Унион Берлин на „Алијанц арена“ со 4:0. Баварците сега имаат седум бода предност во однос на Борусија Дортмунд на врвот на табелата, но и еден одигран натпревар повеќе.

Кингсли Коман го отвори резултатот, а Тангуј Куаси зголеми на 2:0 по само 25 минути игра. Пред крајот на првиот дел Роберт Левандовски постигна трет гол за Баерн, а во вториот дел и уште еднаш се запиша меѓу стрелците.

Scroll to Top