Top Sport

Баварска капитулација на дождот во Манчестер, Интер со голема победа кај Бенфика

Манчестер сити стигна до голема 3:0 победа над Баерн Минхен во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, создавајќи му нови проблеми на тренерот на Баварците, Томас Тухел при враќањето во дождливата Англија, додека Интер стигна до клучна 0:2 победа на гости кај Бенфика во Лисабон.

Дуелот на Сити и Баерн беше протолкуван како нов судир во ривалството помеѓу тренерите Пеп Гвардиола и Томас Тухел, а овојпат надмудрен си заминува германскиот тренер, кој неодамна го презеде гигантот од Минхен.

По внимателниот старт, Сити дојдоа во водство во 27. минута, кога Родри го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите во вистински стил, прво совладувајќи го Џамал Мусијала, а потоа и голманот Јан Зомер. Ако првото полувреме беше релативно израмнето, во второто, домаќините беа далеку подобриот тим.

Кога Гваардиола го извади од игра својот прв плејмејкер Кевин де Брујне, изгледаше дека пак „утнал“ со тактиката, но веќе во 70. минута, Џек Грилиш украде топка на работ на шестнаесетникот, имаше одлично додавање кон Ерлинг Халанд, кој зачудувачки не шутираше туку му асистираше на Бернардо Силва за 2:0. Само седум минути подоцна, Халанд, сепак, го запиша својот 11. гол во Лигата на шампиони оваа сезона за да го потврди тешкиот пораз на Баерн.

На „Луж“ во Лисабон, пак, Интер, кому не му оди најдобро во Серија А, направи голем чекор кон потенцијално италијанско полуфинале (каде што победникот од овој двомеч оди на подобриот од дуелот Наполи-Милан), со големата 0:2 победа.

Во 51. минута од мечот, Алесандро Бастони прекрасно го пронајде Николо Барела во шестнаесетеникот за водство на „нераѕурите“, за во 82. минута, Ромелу Лукаку од белата точка да зголеми на 0:2 по играњето со рака на Жоао Марио во шестнаесетникот.

Scroll to Top