Top Sport

Базел последен полуфиналист во Конференциската лига на УЕФА

Последни учесници во полуфиналето на Конференциската лига се фудбалерите на Базел, кои по продолженија успеаја да ја елиминираат Ница на гостински терен.

Пред седум дена во Швајцарија беше 2:2, вечерва по 90 минути беше 1:1, а Базел преку дополнителни 30 минути успеа да победи со 2:1.

Ница поведе со голот на Лаборд во деветтата минута, а тој резултат важеше до 86. минута. Тогаш Агустин израмни на 1:1 и го одведе овој дуел во продолженија.

Таму подобро се снајде тимот од Швајцарија, а Адамс во 98. минута погоди за 1:2.

Базел во полуфиналето ќе игра против Фиорентина. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Вест Хем и АЗ Алкмар.

Scroll to Top