Top Sport

Баже Илијоски се врати во Работнички

Напаѓачот Баже Илијоски е официјално првото засилување на Работнички во зимскиот преоден рок, објави клубот на својата интернет страница.

Илијоски се враќа во матичниот клуб и потпиша едногодишен договор со Работнички. Изминатите 12 месеци ги мина во Шкупи, а сега по шести пат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички.

Баже Илијоски е најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, искусен голгетер кој треба да ја подобри ефикасноста.

Првиот дел од сезоната од домашното првенство Работнички ја заврши на четвртото место со 26 бода.

фото/fkrabotnicki.com

Scroll to Top