Top Sport

Сосиедад го отпушти Гаритано

Челниците на Реал Сосиедад поради серијата на лоши резултати, во средата, решија да му се заблагодарат на соработката на тренерот Асиер Гаритано.

Сосиедад забележаа порази на последните три натпревари во првенството од Ваљадолид, Хетафе и Алавес. Екипата од „Аноета“ се наоѓа на 15.место во Примера, со 19 поени.

Гаритано, седна на клупата на Сосиедад, во мај минатата година. Тимот го водел на 19 натпревари на кои забележал шест победи, осум порази и пет нерешени резултати.

Во клубот се уште не решиле кој ќе биде наследникот на Гаритано.

Scroll to Top