Капитенот на Филаделфија јунион Алехандро Бедоја ја искористи прославата на голот во меч од МЛС лигата против Ди Си јунајтед да побара американскиот Конгрес да реагира по низата вооружени пресметки во САД минатиот викенд.
Откако постигна гол на „Ауди филд“ во Вашингтон, Бедоја застана на корнерот и прати порака.
„Еј конгрес, направете нешто сега. Ставете крај на насилството со оружје. Ајде!“, изјави Бедоја.
Неговиот гест доаѓа откако во Ел Пасо, Тексас имаше престрелка по која 20 луѓе го загубија животот во саботата, неколку часа пред во Дејтон, Охајо, еден човек да убие 9 луѓе и да повреди најмалку 27.
Јунион победија со 5:1, по што Бедоја изјави дека морал да направи некој гест.
„Не можев само да седам и да гледам како ова се случува. Да, јас сум фудбалер, но прво сум човечко суштество. Ова влијае на мене. Имам деца и мислам дека не сум единствениот кој мисли вака. Дали ќе ме казнат? Морав да го направам тоа, така што нека прават што сакаат“, изјави Бедоја.
So Ale Bedoya grabbed a field-level mic after scoring his goal and shouted, live on national television:
“HEY CONGRESS, DO SOMETHING. END GUN VIOLENCE NOW.”
My man. Need a lot more voices like his in pro sports. #DOOP #DCU pic.twitter.com/UrexCrVIx3
— Pablo Maurer (@MLSist) August 5, 2019