Швајцарската репрезентација веќе нема да прославува со „орелот“ на Мундијалот, вели играчот од средниот ред Ваљон Бехрами, откако неговиот сонародници Гранит Џака и Џердан Шаќири избегнаа суспензија и поминаа само со парична казна за прославите по головите во 2:1 победата над Србија.
Но, тоа е само поради тоа што Швајцарија најверојатно нема да се сретне со Србија на турнирот.
„Нема да се случи во иднина, бидејќи нема да има таков натпревар. За нас, ова сега е затворен случај“, изјави Бехрами на прес-конференција пред последниот меч во групата Е против Костарика.
На Швајцарија ќе им биде доволно реми во Нижниј Новгород за пласман во осминафиналето. Џака и Шаќири беа казнети со по 10.000 швајцарски франци, но избегнаа суспензии.
„Секако, среќни сме што никој не е суспендиран, но оваа тема е многу подлабока и треба повеќе време да се разговара. Сега не е време за тоа“, вели Бехрами, кој е роден на Косово.
Фото: ЕПА
Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците