Top Sport

Пикфорд ја предизвикува судбината: Никој не ги брани пеналите на Кејн

Англискиот голман Џордан Пикфорд можеби треба подобро да ги бира зборовите, ако се знае историјата на Англија и на пеналите, откако изјави дека е среќен што не мора да се соочи со пеналите на неговиот колега Хери Кејн, за кои вели дека се „неодбранливи“.

Кејн е лидер во трката за „златната копачка“ на Мундијалот со пет гола во два меча, откако постигна хет-трик против Панама, од кои два гола од белеата точка, во негов препознатлив стил – со силен удар во левиот горен агол.

Сепак, Кејн не е совршен – Лорис Кариус од Ливерпул му одбрани пенал во февруари, но има 22 гола од 26 обиди од 11 метри во својата кариера.

„Тој е врвен напаѓач и нормално, тоа е неговата најважна работа – знае како да даде гол. Го гледав како ги изведува пеналите против Панама и тоа беше совршенство. Тренира постојано изведување пенали и мислам дека не чувствува притисок. Таквите удари во основа се неодбранливи – моќни и прецизни“, вели Пикфорд.

Останува да се види дали англискиот селектор Герет Саутгејт ќе се реши да го одмори Кејн за осминафиналето или ќе го пушти да стартува против Белгија во пресметка на двата тима кои се веќе во осминафиналето. Сепак, второ место во групата Г би значело рута која би го избегнала Бразил и Германија во четврт-финалето, така што калкулациите се големи.

Фото: ЕПА

Scroll to Top