Top Sport

Бехрами: Нема така да славиме, но само бидејќи не играме со Србија

Швајцарската репрезентација веќе нема да прославува со „орелот“ на Мундијалот, вели играчот од средниот ред Ваљон Бехрами, откако неговиот сонародници Гранит Џака и Џердан Шаќири избегнаа суспензија и поминаа само со парична казна за прославите по головите во 2:1 победата над Србија.

Но, тоа е само поради тоа што Швајцарија најверојатно нема да се сретне со Србија на турнирот.

„Нема да се случи во иднина, бидејќи нема да има таков натпревар. За нас, ова сега е затворен случај“, изјави Бехрами на прес-конференција пред последниот меч во групата Е против Костарика.

На Швајцарија ќе им биде доволно реми  во Нижниј Новгород за пласман во осминафиналето. Џака и Шаќири беа казнети со по 10.000 швајцарски франци, но избегнаа суспензии.

„Секако, среќни сме што никој не е суспендиран, но оваа тема е многу подлабока и треба повеќе време да се разговара. Сега не е време за тоа“, вели Бехрами, кој е роден на Косово.

Фото: ЕПА

Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците

Scroll to Top