Top Sport

Бејл го брани Азар: Се однесуваат како да убил некого

Герет Бејл застана во одбрана на ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, кој беше остро критикуван за неговото дружење со играчите на Челси по поразот на Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Навивачите на „кралскиот клуб“, како и шпанските медиуми го оценија однесувањето на Белгиецот како невкусно, откако тој беше забележан како се смее со поранешните соиграчи на „Стемфорд бриџ“.

Бејл, кој и самиот имаше доста проблеми со навивачите и медиумите во Шпанија, вели дека се претерало.

„Сум го искусил тоа! Беше како да убил некој. На крајот се работи само за фудбал. Во Шпанија во светот на фудбалот секоја работа се зголемува. Се што правиш во Реал Мадрид е многу поважно од другите работи. Медиумите постојано ве следат. Мене ми велеа дека не знам да зборувам шпански, но јас знам доволно да се разберам. Тоа беше бидејќи не зборував со новинарите на шпански. Веднаш прават голема драма, сапунска опера која не знаете како ќе заврши“, вели Бејл.

Велшанецот оваа сезона играше како позајмен фудбалер во Тотенхем, но има уште една година од договорот со „кралевите“.

Азар се извини на навивачите на Реал, вети дека пристигнал за да освојува титули

Scroll to Top