Top Sport

Бејл и Рамзи се враќаат во Премиерлигата

Евертон ќе се обиде во летниот преоден рок на „Гудисон парк“ да донесе двајца репрезентативци на Велс. Клупските челници воспоставиле контакти со Реал Мадрид и Јувентус за нивните играчи Герет Бејл и Арон Рамзи.

Според англиските медиуми овие двајца се приоритет на тренерот на Евертон Карло Анчелоти.

Бејл има договор со Реал до 2022 година, од почетокот на сезоната малку игра, а во јануарскиот преоден рок во последен момент му пропадна трансферот во Кина.

Од друга страна Рамзи не се снајде во Јувентус. Тој само девет пати започнал натпревар во стартниот состав на Маурицио Сари.

Scroll to Top