Top Sport

Фергусон: Хабиб ја откажа борбата, избега како пи..а

Борбата за шампионскиот појас во лесна категорија помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон нема да се одржи. Дагестанецот вчера објави дека поради пандемијата на коронавирусот ќе остане дома.

Противникот на Нурмагомедов, Тони Фергусон е бесен по оваа одлука на борецот од Дагестан.

„Мораше да остане овде. Беше во Абу Даби имаше шанси да се врати пред да бидат затворени границите во Русија. Сепак тој реши да се врати во Дагестан и да не го заврши кампот. Тој лик не сака да се бори, исплашен е и бега. Треба да му го одземат појасот“, истакнал Фергусон.

„Истото го направи и пред УФЦ 209. Беше со семејството, знаеше дека лошо ги симнува килограмите и беше во се друго само не беше во мечот. За мене ова е бегање. Избега од борбата. Хабиб е пи..а. Му кажав дека подот ќе го избришам со него па типот избега“.

Интересно Нурмагомедов и Фергусон се големи ривали, а никогаш не се сретнале во октагонот. Ова е петти пат нивната борба да биде одложена.

Scroll to Top