Top Sport

Бејл ја реши Рома (Видео)

Реал Мадрид ја победи Рома со 2:1, во натпревар одигран во рамките на Интернационалниот куп на шампионите. На стадионот во Њу Џерси блескаше напаѓачот на Реал, Герет Бејл.

Играчите на Хулен Лопетеги за 15 минути ја решија „волчицата“. Играчот на натпреварот, Бејл, најпрвин во втората минута му асистираше на Марко Асенсио за првиот гол, а во 15.минута Велшанецот зголеми на 2:0.

Реал доминираше во првиот дел, имаше посед од 70 отсто и не и дозволи на Рома да создаде ниту една шанса.

Во вториот дел двајцата тренери извршија многу измени (само Кејлор Навас беше 90 минути на теренот), поради што падна темпото на играта.

Конечниот резултат го постави Кевин Стротман во 83.минута.

Реал сезоната ќе ја стартува на 15.август во Суперкупот на УЕФА против Атлетико во Талин, а Рома четири дена подоцна во Серија А ќе игра против Торино.

 

Scroll to Top