Top Sport

„Бејл ќе замине кога тоа ќе биде во негов интерес“

Менаџерот на Герет Бејл, Јонатан Барнет, веднаш му одговри на Зинедин Зидан, кој по мечот на Реал и Баерн (1-3), рекол дека клубот сака да го продаде Велшанецот и дека најдобро би било кога веќе утре би заминал од „кралскиот клуб“.

„Треба да се засрами што така зборува за некој што направил толку работи за Реал“, изјавил Барнет за ЕСПН и дополнил.

„Ако и кога Герет замине тоа ќе биде така бидејќи е во нeгов интерес и тоа нема да има никаква врска со изјавата на Зидан.

Тренерот на Реал рекол дека одлуката да го отстрани Бејл од тимот е последица на промените што се случуваат во секој клуб.

Бејл е играч на Реал од 2014 година, со клубот има освоено четири титули во Лигата на шампионите, а во финалињата во 2014 и 2018 против Атлетико и Ливерпул беше стрелец.

Зидан: Ништо лично, ама Бејл мора да си оди

Scroll to Top