Top Sport

Бејл не дозволи триумф на Фуенлабрада на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Фудбалерите на Реал се пласираа во осмина-финалето на шапнскиот Куп, откако со вкупен резултат 4:2 го елиминираа третолигашот Фуенлабрада. Покрај Реал, во вторникот, пласман во осмина-финалето изборија Нумансија, Леганес, Селта и Леванте.

Победата од 2:0 остварена на првиот натпревар му овозможи на тренерот на Реал, Зинедин Зидан, во реваншот на Фуенлабрада да и спротивстави еден „шарен“ состав и то можеше скапо да го плати.
Кејлор Навас, Начо, Ковачиќ кој се врати во тимот по повредата, Тео Ернандез, Дани Себаљос и Борха Мајорал беа во тимот од оние кои се секогаш во првите 18 на Реал, а останатите играчи беа од Реал Б.

Фуенлабрада имаше водство по првиот дел со голот кој Миља го постигна во 25.минута. Третолигашот можеше да стигне на чекор до сензација, но најпрвин ударот со глава на Матеус во 56.минута, од гол линијата го одбрани Навас, а четири минути подоцна Ката Дијаз ја погоди гредата.

Веднаш потоа Зидан во игра го внесе Бејл, а Велшанецот во својот прв допир со топката му асистираше на Мајорл кој израмни на 1:1 во 63.минута.

Истиот играч, седум минути подоцна, повторно по акцијата на Бејл, му донесе предност на Реал.

Фуенлабрада сепак успеа да избегне пораз во Мадрид, а голот за 2:2 го постигна Портиља во претпоследната минута.

Шпански куп 1/16 финале:

Реал-Фуенлабрада 2:2 (прв натпревар 2:0)
Малага-Нумансија 1:1 (1:2)
Селта-Еибар 1:0 (2:1)
Леганес-Ваљадолид 1:0 (2:1)
Леванте-Џирона 1:1 (2:0)

Во среда на програмата се реванш дуелите:

Атлетико Мадрид-Елче
Барселона-Мурсија
Реал Сосиедад-Леида
Севилја-Картагена
Атлетик Билбао-Форментера
Лас Палмас-Ла Коруња

Scroll to Top