Бразилецот Марселон тврди дека Герет Бејл воопшто не зборува во соблекувалната на Реал Мадрид и дека и покрај тоа што веќе шест години е во Шпанија уште се користи само со англискиот јазик.
Велшанецот дојде на „Сантијаго Бернабеу“ од Тотенхем во 2013 година, но очигледно не се потрудил да го научи шпанскиот јазик. Ова го откри Марсело во долго интервју за „Марка“.
„Сега немам никого на мојата страна, освен Бејл, но Бејл не зборува, зборува само англиски и комуницираме со гестикулации и велиме само ’здраво и добро вино’“, вели Марсело.
Бејл неодамна го постигна својот 100. гол за Реал Мадрид, но по доаѓањето на Винисуис Жуниор во клубот, неговата иднина на „Бернабеу“ веќе не е толку јасна. Манчестер јунајтед постојано беа поврзувани со шансата да го вратат во Премиер лигата, но уште не е направено ништо конкретно.