Герет Бејл повторно е повреден. Велшанецот, ја напушти играта против Вилјареал во 46.минута. Реал, синоќа, во 17.коло одигра 2:2 против „жолтата подморница“.
Бејл е играч на Реал од 2013 година и досега поради разни повреди пропуштил 65 натпревари. Шпанските медиуми објавија дека Вдлшанецот се повредил 27.пат откако го носи дресот на „кралскиот клуб“.
Против Вилјареал тој го повредил листот на левата нога, поради што ќе пропушти неколку натпревари.