Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, одреден период поради повреда ќе отсуствува од фудбалските терени. Бејл се повредил во вторникот, на натпреварот со Ајакс, во Лигата на шампионите.
Реал испадна од Лигата на шампионите, а во дебаклот против Ајакс (1:4) Бејл играше од 29 минута, кога го замени Лукас Васкез.
По завршувањето на мечот Велшанецот се пожалил на болки во стапалото.
Реал, викендов ќе гостува во Валјадолид, а потоа ќе ја пречекаат Селта Виго. Овие два тима водат жестока борба за опстанок во лигата. Потоа следува пауза поради репрезентативните натпревари. Велс ќе игра пријателска со Тринидад и Тобаго, а потоа во квалификациите за ЕП за противник ќе ја има Словачка.
Герет Бејл оваа сезона веќе не играше еден месец поради повредата на листот, на левата нога.
На мечот со Ајакс пред Бејл се повредија Лукас Васкез и Винисиус Жуниор.