Top Sport

Бејл се „распука“, Тотенхем го прегази Барнли

Герет Бејл постигна два гола и имаше една асистенција за конечно да покаже дел од својот блескав талент по камбекот во Тотенхем, предводејќи го тимот на Жозе Мурињо до убедлива 4:0 победа над Барнли.

Навивачите, но и самиот Мурињо, честопати ја искажуваа разочараноста што Велшанецот имаше малку минути поради проблемите со повреди, но денеска попладне во северен Лондон, мечот беше во негов знак.

Бејл даде гол уште во втората минута од мечот, пред во 15. минута да му асистира на Хери Кејн за 2:0 водство. Лукас Моура во 31. минута зголеми на 3:0, пред Бејл да го постигне и вториот гол во 55. минута. Тотенхем се сега осми со 39 поени, додека Барнли имаат 28. на 15. место, само пет над зоната за испаѓање.

Scroll to Top