Герет Бејл и Реал Мадрид се подготвени да влезат во „војна“. Ова може да се заклучи од изјавата на Велшанецот до неговите соиграчи дека е подготвен да остане во шпанската престолнина и да игра голф цела сезона доколку клубот не му ги плати преостанатите 51 милиони евра од неговиот договор со „кралскиот клуб“.
Бејл остана цело време на клупата во последниот меч од Ла лига за Реал, поразот од 0:2 од Бетис, по што Зинедин Зидан изјави дека не би го ставил во игра дури и да имал четири замени. По ова се зголемија шпекулациите дека тој е на излез од клубот, но шпанското „Радиестато“ тврди дека тој не е многу загрижен и дека на своите соиграчи јасно им порачал:
„Имам уште три години од договорот. Ако сакаат да си заминам, ќе треба да ми платат 17 милиони евра по сезона. Ако не, ќе останам тука. Ако треба, ќе играм голф“, изјавил наводно Бејл.
Бејл е љубител на голфот до толку што голманот Тибо Куртоа во едно интервју во февруари едноставно го нарече „голферот“.
?Cuenta Fernando Burgos una frase de BALE en el vestuario del @realmadrid
“Tengo 3 años de contrato. Si quieren que me vaya que me paguen 17 millones netos por temporada. Y si no aquí me quedo. Y si tengo que jugar al golf, juego” pic.twitter.com/p52RoyNu7C
— Radioestadio (@Radioestadio) May 19, 2019