Top Sport

Бејл: Во Тотенхем сум среќен цела година!

Герет Бејл вели дека е среќен по враќањето во Тотенхем ова лето и покрај критиките кои ги добиваше, на кои во неделата одговори со два гола и една асистенција при 4:0 победата над Барнли во Премиер лигата.

31-годишниот Велшанец, слично како во Реал Мадрид, отсуствуваше во поголемиот дел од мечевите на Тотенхем оваа сезона поради проблемите со фитнесот и со повредите, но овојпат покажа дел од својот талент и вели дека не е исфрустриран од малата минутажа и од критиките.

„Најважно беше тоа што знаевме дека немаме многу добра серија и дека ни е потребен триумф. Не се работи само за давање голови, туку за ол-раунд игра и помош на соиграчите. Пресреќен сум од тоа што можам да го дадам, и среќен сум тука цела сезона. Во соблекувалната се чувствувам добро и се забавувам. Среќен сум и тоа се покажува на теренот“, вели Бејл.

Бејл се „распука“, Тотенхем го прегази Барнли

Scroll to Top