Давид Силва по завршувањето на сезоната ќе ги напушти редовите на Манчестер сити. 33 годишниот фудбалер цела една деценија го носи дресот на „граѓаните“. Тој клубот ќе го напушти како слободен играч.
Се шпекулира каде Давид Силва ќе ја продолжи кариерата, а дел од британските медиуми тврдат дека тој ќе биде првата голема ѕвезда во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.
Бекам сакал во својот тим да има играч од шпанското говорно подрачје за да може подобро да ја анимира шпанската заедница на Флорида.
Доколку Силва се договорил со Бекам, тој на новиот клуб ќе му се приклучи со задоцнување, од причина што сезоната во САД започнува во март, а Премиер лигата ќе заврши во во јуни.
Шпанецот досега во кариерата со Манчестер сити освоил 12 трофеи.
Инаку Дејвид Бекам има големи планови за својот тим Интер Мајами. Минатата недела се појавија информации дека тој ќе се обидел да го донесе најпрвин Луис Суарез, а потоа и Лионел Меси.