Top Sport

Отказот на Зидан би коштал колку трансферот на Де Лихт

Реал Мадрид нема добра старт во новата сезона, поради што медиумите веќе шпекулираат дека Зинедин Зидан ќе добие отказ.

Реал во Ла Лига нема пораз, но не импресионира со играта. Во четири кола два пати веќе играа нерешено (Валјадолид и Виљареал). Во Лигата на шампионите „кралскиот клуб“ стартуваше со пораз 3-0 од Пари Сен Жермен.

Наводно наредните натпревари биле клучни за Зидан. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе добие отказ доколку не победи наредниот викенд во градското дерби со Атлетико.

Поттикнати од овие шпекулации „Спорт“ претпоставуваат колку пари ќе го чини клубот евентуалниот отказ на Зидан. Според овој извор за предвремен раскин на договорот со тренерот, Флорентино Перез, односно Реал Мадрид ќе треба да издвојат 80 милиони евра.

За споредба приближно толку пари платија Јувентус за трансферот на Матијас Де Лихт.

Зинедин Зидан пред шест месеци се врати на клупата на Реал, откако минатата сезона неуспешни епизоди имаа Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари.

Зидан има уште три и пол години од својот договор, а годишно ниво, неговата нето плата изнесува 13 милиони евра. Кога тука ќе се додадат даноците се доаѓа до сума која му задава главоболки на претседателот.

Scroll to Top