Top Sport

Бекам го носи Хамес Родригез во Мајами

Сопственикот на најновиот МЛС тим, Интер Мајами, Дејвид Бекам веќе го контактирал претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за можност да го купи Хамес Родригез, јавува обично доверливиот портал „Гол“.

Поранешниот фудбалер на Реал, Бекам уште има одлични односи со Перез, човекот кој го донесе на „Сантијаго Бернабеу“ од Манчестер јунајтед во 2003 година, и се очекува Перез да биде подготвен за преговори за фудбалерот кој не добива многу шанси под водство на Зинедин Зидан.

Бекам има многу високо мислење за 28-годишниот Колумбиец и покрај неговите проблеми во Мадрид и смета дека тој ќе биде голем магнет за публиката и за јавноста во САД во неговиот нов тим. Потпис со фудбалер од калибарот на Хамес додека е во врвот на своите фудбалски способности ќе биде голем успех не само за Бекам и Интер Мајами, туку и за целата МЛС лига.

Договорот на Хамес завршува на крајот на следната сезона, и Перез сигурно ќе се обиде да го продаде пред да биде приморан да го пушти бесплатно, но се очекува тој да почека пред летото за да се види дали некој од европските клубови ќе даде подобра понуда.

Scroll to Top