Top Sport

УФЦ се враќа на програмата на 9 мај на Флорида?

Газдата Дејна Вајт очигледно најде совршена опција за оддржување на УФЦ 249, откако повеќе извештаи во САД тврдат дека одложеното шоу ќе се оддржи на 9 мај на Флорида, американската држава која ги „олабави“ мерките против корона вирусот и дозволи оддржување на боречки мечеви (со одредени мерки за претпазливост).

УФЦ 249 прво требаше да се оддржи во Њујорк на 18 април, но по пандемијата со корона вирусот, Вајт се обиде да го организира во Калифорнија на таканаречените „индијански територии“, пред под притисок на „Дизни“ (инаку газди на „ЕСПН“), да го откаже шоуто каде што главен меч требаше да биде тој помеѓу Тони Фергусон и Џастин Гетџи.

Според американските извори, фајтерите веќе добиле препораки да отпатуваат во Џексонвил на Флорида, држава чиј гувернер Рон Десантис ги прогласи луѓето од спортската индустрија како „клучни бизниси“.

Scroll to Top