Top Sport

Вебер: Шумахер беше неуспех во Мерцедес

Поранешниот долгогодишен менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер вели дека Германецот бил „неуспех“ во 2010, кога се врати на Ф1 трките со Мерцедес.

Шумахер прво се пензионираше по седмата светска титула, но потоа неочекувано ја прифати понудата на „сребрената стрела“, тогаш тим во изградба, да се врати во спортот во 2010, и вториот дел од кариерата беше одбележан со тоа што тој ниту еднаш не победи. Џон Барнард, поранешниот дизајнер кој работеше со Шумахер во Ферари претходно изјави дека Шумахер едноставно не се снашол најдобро во Мерцедес, а со тоа се согласува и Вебер.

„Михаел имаше посебен сетап на својот болид за да му одговара на неговиот стил во Ферари и не го доби истото од Мерцедес. Новите болиди беа развивани на поинаков начин и Михаел немаше влијание на технологијата како што имаше во Бенетон и Ферари. Откако Рос Браун не успеа да го подобри болидот во 2009, и одеднаш Нико Розберг беше побрз од него, стана јасно дека се работи за различна генерација на возачи, иако морам да признаам дека Михаел беше 100 отсто фит. Михаел имаше неуспех во Мерцедес и навистина жалам што не ме послуша и што реши да се врати. Тоа беше непотребно“, вели Вебер.

Scroll to Top