Како што дознава едно радио од Каталонија, Дејвид Бекам, разговарал со Лионел Меси околу неговиот потенцијален трансфер во новиот клуб во МЛС-лигата, Интер од Мајами.
Клубот чии сопственик е Бекам во лигата ќе започне да се натпреварува од 2020 година. Шпанските медиуми пишуваат дека Бекам веднаш сака да состави екипа што ќе се бори за шампионската титула.
„Бекам го контактирал Меси и му кажал дека сака да го донесе во франшизата од Мајами. Луѓето кои се блиски со Меси велат дека тоа ангажманот, од финансиски аспект би бил брутален. Директорите на Барселона се свесни дека Бекам разговарал со Меси“.
? MESSI ALS EUA?
? @xavicampos: "Messi coneix l'interès de David Beckham per comptar amb ell en el projecte que té a Miami"#ClubMitjanit pic.twitter.com/VyhoXtt4xw
— Club de la Mitjanit (@ClubMitjanit) September 10, 2019
Меси со Барселона има договор до 2021 година, а неодамна се појави информација дека тој во договорот има клаузула дека може бесплатно да го напушти клубот доколку ја напушти и Европа. За тимовите во Европа клаузулата за откуп изнесува 700 милиони евра.