Top Sport

Горецка е „совршениот фудбалер“? Барем во „ФИФА 22“

Леон Горецка, фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен е првата фудбалска ѕвезда со неверојатен рејтинг на видео-играта ФИФА 22, откако 26-годишниот Германец има рејтинг од над 80 во шесте категории (брзина, дриблање, шут, одбрана, додавање и физичка подготвеност)

Со вкупен рејтинг од 87, Горецка според креаторите на видео-играта е совршениот фудбалер кој може да се снајде одлично во одбраната, во средниот ред и во нападот. За споредба, Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаат повисок вкупен рејтинг (над 90), но во одбрана двајцата имаат оценка од само 34.

Најсилниот детаљ на Горецка е физичката подготвеност (86), по што има 84 за дриблање, 82 за шутирање и додавање, и 81 за брзина и одбрана.

Иако се шпекулираше дека ќе си замине од Баерн Минхен по интересот на премиерлигашките клубови, Горецка потпиша нов петгодишен договор со Баварците, со што е сигурно на „Алијанц арената“ барем до 2026 година. Германските медиуми тврдат дека тој заработува од 12 до 15 милиони евра по сезона.

Scroll to Top