Top Sport

Беласица со голема победа над Шкендија!

Беласица забележа 2:1 победа над актуелниот шампион Шкендија во најголемото изненадување во 30. коло од Првата лига, со што си ги зголеми шансите за опстанок во елитата.

Ѓоргиев ги донесе струмичани во водство уште во петтата минута, пред во 64. минута Бејтулаи да си постигне автогол за 2:0 водство. Тетовци до крајот на мечот успеаја само да намалат на 2:1 преку Шефити.

И покрај поразот, Шкендија останува убедлив лидер со 9 поени предност пред Вардар, кој пак победи со 0:2 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров благодарение на двата гола на Бојан Колевски.

Шкупи и Ренова забележаа важни победи во борбата за Европа, додека Работнички дома беше изненаден од Победа (1:2). Шкупи со 1:0 го совлада тимот на Академија Пандев за да се доближи на само пет поени од нив, додека Ренова со идентични 1:0 го победи Силекс.

ПРВА ЛИГА, 30. КОЛО

Беласица – Шкендија 2:1

Македонија Ѓорче Петров – Вардар 0:2

Работнички – Победа 1:2

Ренова – Силекс 1:0

Шкупи – Академија Пандев 1:0

Табела:  1.Шкендија 66, 2.Вардар 57, 3.Академија Пандев 47, 4.Шкупи 42, 5.Ренова 39, 6.Работнички 39, 7.Македонија ЃП 35, 8.Силекс 31, 9.Беласица 30, 10.Победа 23

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top