Top Sport

Ван Дајк веќе ја освоил наградата за најдобар во Премиер лигата?

Според „Дејли мејл“, холандскиот дефанзивец на Ливерпул, Виргил ван Дајк е добитник за најдобар фудбалер во Премиер лигата, во изборот кој го прави Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА), односно избор кој го прават самите фудбалери.

Весникот тврди дека Ван Дајк го победил напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг во гласањето, откако скратената листа од шест фудбалери беше полна со двата клуба кои се борат за титулата. Од Манчестер сити, покрај Стерлинг, тука беа и Серхио Агуеро и Бернардо Силва, додека за Ливерпул беа Ван Дајк и Садио Мане, а листата ја комплетираше ѕвездат на Челси, Еден Азар.

Ван Дајк пристигна на „Енфилд“ во јануари 2018 за 97 милиони долари, рекордна сума за дефанзивец, и оттогаш стана столб во одбраната на Ливерпул и беше познат како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот.

Scroll to Top