Шкупи се искачи барем привремено на првото место на табелата во Првата лига, откако со 2:0 славеше на гостувањето во Струмица кај Беласица, откако новиот прволигаш ниту во третиот меч од новата сезона не успеа да освои поен, ниту да постигне гол.
Човек на одлука беше Гамбиецот Дембо Дарбо, кој прво во 89. минута постигна гол од пенал за водство на Шкупи, за во 92. минута да стави печат на натпреварот.
По три натпревари, Шкупи има две победи и едно реми и е на првото место на табелата со 7 поени пред четири клуба со по 4 поени, додека Беласица се убедливо последни со 0 поени и 0:10 гол-разлика.
Фото: ФК Шкупи