Top Sport

Белгија без Де Брујне против Исланд

Белгија без Кевин Де Брујне ќе патува на Исланд на натпреварот во Лигата на нации. Играчот на Манчестер сити пред два дена против Англија беше заменет во 73 минута поради повреда. Де Брујне веднаш по натпреварот на Вембли се вратил во својот клуб.

Не познато за каква повреда се работи, а клубот не соопшти дали тој ќе биде подготовен за претстојниот натпревар со Арсенал во Премиер лигата.

Повредата на Де Брујне е само еден од низата кадровски пролеми со кои се соочува Пеп Гаврдиола. Поради повреда натпреварот со Белгија го пропушти англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг, а од претходно се повредени напаѓачите Габриел Жесус и Серхио Агуеро.

Scroll to Top