Белгиската фудбалска асоцијација (РБФА) на својот веб-сајт објави конкурс за избор на нов селектор, опишувајќи го посакуваниот кандидат како „сериски победник со искуство на работа со врвни играчи, човек кој знае како да освојува трофеи“.
Белгија остана без селектор откако Роберто Мартинез, кој ги предводеше до најдобриот успех во 2018, третото место, се повлече по елиминацијата во групната фаза на Мундијалот, разочарувачки крај за таканаречената „златна генерација“.
Заинтересираните можат да се пријаваат до 10 јануари, по што посебна комисија на федерацијата ќе го комплетира изборот.