Top Sport

Белгија против Италија без Лукаку и Азар

Белгија, утре против Италија ќе се бори за третото место во Лигата на нации. Белгискиот селектор, Роберто Мартинез, тимот за натпреварот ќе го составува без Ромелу Лукаку и Еден Азар.

„Поради преоптовареноста на мускулите, Лукаку и Азар, не се во најдобра форма и нема да го играат натпреварот за третото место против Италија. Двајцата поради тие проблеми ќе го напуштат кампот на репрезентацијата. Не знам колку време ќе им биде потребно да се одморат“, рекол Мартинез.

Селекторот рекол дека Лукаку нема веднаш да се врати во Челси, туку дека ќе ги оди во дома во Белгија. Според него ова не претставува проблем за репрезентацијата и неговиот клуб Челси.

Најавувајќи го натпреварот Мартинез рекол: „Во дуелот со европскиот шампион сакаме да ги тестираме нашите можности и да учиме“.

Натпреварот во Торино, на стадионот на Јувентус, ќе започне во 15 часот.

Scroll to Top