Top Sport

Мектоминеј ја доближи Шкотска до баражот, драматична победа на Грција во Тбилиси

Шест натпревари се одигра во терминот од 18 часот, во рамките на европските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Најдраматични победи забележаа Шкотска над Израел и Грција во Тбилиси против Грузија. Украина пак ја прекина низата од пет нерешени натпревари во овој циклус и во Финска ја забележа првата победа.

Шкотска со победата над Израел (3:2), направи голем чекот кон освојувањето на второто место во Ф-групата. Пкотите славеа со голот на Мектоминеј во 94.минута. Израелците два пати водеа на овој меч, на крајот не успеаја да освојат ниту еден бод.

Захави постигна прекрасен гол во петтата минута, израмни Мекгин во на истекот на 30.минута. Две минути подоцна Дабур погоди за ново водство на Израел. Во финишот на првиот дел Дајкс промаши пенал.

Овој играч во 57.минута го израмни резултатот. Голот најпрвин беше поништен, а откако судијата Марчињак ја прегледа снимката го призна голот.

Данска е лидер во групата со 18 бодови, Шкотска има 14, Израел 11, Австрија 7, Фарските острови 4, Молдавија има еден бод.

Грците во Б-групата, во финишот, славеа над Грузија и останаа во трката за пласман на Мундијалот. Бакасетас го постигна првиот гол во 90.минута, а Плекас пет минути подоцна ја потврди победата.

Во оваа група Шведска со 3:0 го победи Косово.

Шпанија води во групата со 13 бодови и натпреваро повеќе од Шведска и грција кои имаат по 12 односно девет бодови, Косово има четири, а Грузија еден бод.

Украинците со головите на Јармоленко и Јаремчук славеа во Хелсинки против Финска со 2:1 Со првата победа во овие квалификации Украина дојде до осум бода и натпревар повеќе од БиХ која има два бода помалку. Лидер во групата е Франција со 12 бодови.

Република Ирска, во А-групата, славеше во Азербејџан со 3:0 Два гола постигна Робинсон во 7. и 39.минута, а точка на мечот стави во 90.минута Огбене.

Scroll to Top