Top Sport

Белгијците немилосрдни во Брисел, Холандија го освои Кардиф

Фудбалската репрезентација на Белгија беше убедлива во Брисел и ја декласира Полска со 6:1. Роберт Левандовски донесе водство за гостите, но Аксел Витсел израмни пред крајот на полувремето. Во вториот дел, „црвените ѓаволи“ ја покажаа силата и постигнаа уште четири гола.

Кевин де Брујне се погрижи за пресврт, а потоа Леандро Тросар учествуваше со два гола. Дендонкер и Оперда го заокружија убедливиот триумф.

Холандија во завршницата стигна до победа (1:2) на гости против Велс. Вегорст во 94.минута постигна победнички погодок, како реакција на голот на Норингтон – Дејвис во 92.минута. Копмајнерс во 50.минута го отвори резултатот.

 

Во Лигата Б, Шкотска ја совлада Ерменија со 2:0, а Украина на гости победи Република Ирска со 0:1, со голот на Виктор Циганков.

Scroll to Top