Top Sport

Белингем: Пеналот беше една голема шега

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам ја опиша како „шега“ одлуката на судијата да го повтори пеналот во корист на Челси при поразот од 2:0 во Лигата на шампионите. Судијата досуди пенал за игра со така на Мариуш Волф, по што Каи Хаверц го погоди дирекот во првиот обид, но пеналот беше повторен откако ВАР го предупреди судијата дека играчите на Борусија Дортмунд влегле побрзо од дозволеното во шеснаесетникот.

Во неговиот втор обид, Хаверц постигна гол за да го испрати Челси во четврт-финалето од елитното натпреварување.

„Не сум сигурен што Мариуш можеше да направи со својата рака“, изјави Белингем за „БТ Спорт“, мислејќи на ситуацијата со пеналот.

„Самата одлука беше дискутабилна, а тоа што пеналот беше повторен е некаква шега. За секој пенал, особено кога изведувачот токму бавно приоѓа кон топката, ќе има фудбалери кои влегуваат во шеснаесетникот. Но, судијата ја донесе одлуката и мораме да прифатиме“, додаде Белингем.

Scroll to Top