Џуд Белингам е еден од најталентираните млади фудбалери во светот. Англискиот репрезентативец е играч на Борусија Дортмунд. Во Германија се пресели во 2020 година од Бирмингем. Борусија за неговиот трансфер издвои 25 милиони евра.
Челниците на Борусија се свесни дека неколку клубови имаат желба да го видат 18-годишниот фудбалер во своите редови. Тој има договор со клубот до 2025 година, но доколку некој понуди сума што не се одбива, Борусија ќе ја прифати.
„Билд“ тврди дека Борусија нема да прифати понуда помала од 120 милиони евра.
За услугите на Белингем се заинтересирани Ливерпул и Манчестер јунајтед.