Top Sport

Белица се врати во Работнички по 12 години!

ФК Работнички потврдија дека ја засилиле својата одбрана со искусниот дефанзивец Езгон Белица, кој се враќа во дресот на „романтичарите“ по 12 години. Егзон Белица потпиша двегодишен договор со Работнички, а доаѓа од косовскиот тим Приштина.

„Имам убави сеќавања од Работнички, тогаш како млад фудбалер кој допрва се докажуваше и доби голема шанса на европските натпревари против Ливерпул. Сега сум повторно тука, дојдов за нови успеси со клубот“, изјави Егзон Белица за официјалниот веб-сајт на Работнички.

Белица (32) во Македонија играше и за Шкендија и за Охрид Лихнидос, а интернационалната кариера ја градеше во Беса Каваја, Конкордија, Интер Турку, Рига, Партизани Тирана и Приштина.

Scroll to Top