Повремениот шпански репрезентативец Ектор Бељерин бил подготвен да го напушти Арсенал. Според ЕСПН за десниот бек биле заинтересирани Интер и Јувентус.
Бељерин сакал да го напушти Арсенал бидејќи клубот имал „хроничен недостиг од амбиции“. Веќе неколку сезони „топџиите“ се далеку од борбата за трофеите во Англија.
Во тековната сезоната Шпанецот одиграл 16 натпревари за Арсенал, постигнал еден гол и забележал две асистенции.
Бељерин за сениорскиот тим на Арсенал дебитираше во 2013 година.