Top Sport

Французите отворија истрага зошто Идриса Геј одбил да носи бои на виножитото

Сенегалскиот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Идриса Геј ќе мора да објасни пред Француската фудбалска федерација (ФФФ) дали го пропуштил мечот против Мопелје во знак на протест за поддршката на ЛГБТ правата.

Сите тимови во француската Лига 1, носеа броеви во боите на виножитото за одбележувањето на Интернационалниот ден против хомофобијата, а Геј отсуствуваше од мечот поради „лични причини“ како што објасни тренерот Маурисио Почетино.

„Отсуството против Монпелје беше протолкувано како одбивање да се учествува. Или оваа претпоставка не е точна, за што бараме веднаш да се изјасните за да ги замолчите шпекулациите. Ако тие е вистинити, ви порачуваме дека треба да бидете свесни за влијанието на вашите активности и сериозната грешка. Со одбивањето да учествувате во оваа колективна иницијатива вие поддржувате дискриминација и тоа не само против ЛГБТ заедницата“, се вели во извештајот на бордот на ФФФ кој го објави агенцијата „АФП“.

Геј не одговори зошто отсуствувал, но доби поддршка од сенегалскиот претседател Маки Сал.

„Го поддржувам Идриса Гана Геј. Неговите религиозни верувања мора да бидат почитувани“, напиша Сал на Твитер.

Геј не ги сака боите на виножитото?

Scroll to Top