Top Sport

Белјерин ќе се откаже од платите само да го пуштат да оди во Бетис

Ектор Белјерин побарал Арсенал да го раскинат неговиот договор со неделна плата од 110.000 фунти неделно една година предвреме, за да може како слободен играч во неговиот омилен клуб, Реал Бетис.

27-годишниот шпански бек минатата сезона ја помина на позајмица во Бетис, но шпанскиот клуб призна дека нема средства за трансфер на фудбалерот со кој минатата сезона ја освоија титулата од Копа дел реј. Бетис, како повеќето шпански клубови се во тешка финансиска ситуација и успеаја да ги регистрираат новите засилувања само по комплетирањето на трансферот на Марк Бартра во Трабзонспор. Сепак, Бетис не се единствениот клуб заинтересиран за Белјерин, откако тој е и на „радарот“ на Барселона откако не успеаја да го добијат Цезар Азпиликуета од Челси.

Белјерин е фудбалерот кој е најдолго континуирано во Арсенал, откако пристигна на „Емирати“ од академијата на Барселона во 2011 година, кога на чело на Арсенал беше Арсен Венгер. Тој има 180 настапи за Арсенал и три титули од ФА купот.

Scroll to Top