Top Sport

Пешиќ: Од тоа што го видов, не можев да му дадам место на Теодосиќ

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пеши објасни зошто ја направи контроверзната одлука да го изостави од тимот поранешниот капитен Милош Теодосиќ, велејќи дека од тоа што го забележал при тренинзите и при играта, едноставно не можел да го оправда останувањето на ветеранот во селекцијата.

Тој додава дека со 35-годишниот плејмејкер имал „добар разговор“ и додаде дека одлуката не била лесна.

„Одлуката е моја и воопшто не беше лесна, не само поради тоа што тој долго време беше во репрезентацијата, туку бидејќи не е лесна за ниту еден кошаркар. И тој беше изненаден, но тоа е дел од спортскиот живот. Јас директно му кажав дека по тоа што го видов, не само од него, туку и од другите во негова позиција, дека не можам да му понудам статус каков што имше досега. Секако имаше многу разговори на таа тема и помисливме да остане член на тимот, бекап-играч. Но, тој никогаш не бил таков играч, играч за од клупа и му кажав дека имам подобри играчи одд него на таа позиција“, вели Пешиќ.

Scroll to Top