Top Sport

Понудата на Јунајтед за Де Јонг e со „истечен рок“

Летната трансфер сага на Френки де Јонг и обидот на Манчестер јунајтед да го донесат на „Олд Трафорд“ е пред крај, откако холандскиот весник „Де Телеграф“ тврди дека понудата веќе има истечен рок, односно дека веќе не е валидна.

„Ѓаволите“ и посебно новиот менаџер Ерик Тен Хаг, сметаа на 25-годишниот Де Јонг како на „темел“ на обновата на клубот, но откако Јунајтед се договорија со Барселона за трансферот од речиси 70 милиони фунти, тој одби да го направи трансферот. Барселона се обидува да го примора на трансфер или на промена на неговиот актуелен договор поради превисоката плата, а според шпанските медиуми му должат 20 милиони евра за неисплатени плати.

Ова го поставува Челси, под водство на новиот газда Тод Бели, како единствен клуб кој е подготвен да ги исполни финансиските барања на Барса и да му понуди фудбал во Лигата на шампиони.

Scroll to Top