Top Sport

Белоруски фудбалер претепан од полицијата по протестите во Минск

Фудбалерот од среден ред на белорускиот второлигаш Крумкачи Минск, Сергеј Казека е хоспитализиран со сериозни повреди на ’рбетот и бубрезите откако беше брутално претепан од полицијата за време на протестите во Минск против претседателот Александер Лукашенко.

Казека и неговиот соиграч Павел Расолко биле уапсени од полицијата која ги растерувала демонстрантите и полицијата тврди дека оштетиле едно полициско возило. Од друга страна фудбалерите тврдат дека се враќале од тренинг кога биле нападнати од полицајците.

Инцидентот се случил во неделата, кога двајцата фудбалери биле однесени во полициска станица, пред Казека да биде однесен во болница поради сериозните повреди.

Scroll to Top