Top Sport

Гонзалес искрен по „катастрофата“ на ПСЖ: Тешко дека ќе одиме на Ф4

Пари Сен-Жермен, со нов тим направен за освојување на Лигата на шампионите, во саботата доживеа тежок 34:24 пораз во првиот четврт-финален дуел кај Кјелце и нивниот тренер, поранешниот стратег на Вардар и ексмакедонски селектор Раул Гонзалес, призна дека таа предност тешко дека ќе може да се стигне.

„Тие беа многу подобри од нас, посебно во одбраната. Имавме добри први 15 минути, и потоа ништо не помогна. Во последните петнаесетина минути бевме многу лоши. Ќе се обидеме да имаме подобар меч во реваншот, но во моментов е тешко да се каже дека ќе одиме понатаму“, вели Гонзалес за „Л’Екип“.

Талант Дујшебаев, тренерот на Кјелце вели дека тие се подготвени за „пеколот“ во Париз.

„Имаме неочекувана предност по првиот меч и нормално дека сме многу среќни. Знаеме дека во Париз ќе биде многу тешко, но ние го почитуваме нашиот противник, кој заедно со Барселона е најдобриот тим во ова натпреварување“, вели Дујшебаев.

Дебакл на ПСЖ во Полска, Кјелце се блиску до завршниот турнир

Scroll to Top